Носителот на листа од СДСМ во 5-тата изборна единица Васко Ковачески оствари средба со жители од УЗ „Гоце Делчев“

 Во попладневните часови кандидадот за пратеник и носител на листата од 5-та изборна единица Васко Ковачески,  заедно со претставници на ОО на СДСМ-Охрид оствари средба со граѓаните,  од УЗ Гоце Делчев- Бараки кај игралиштето.

На присутните жители од оваа населба која е попозната како БАРАКИ им се обрати претседателот на МЗ СДСМ-Гоце Делчев Љупчо Ѓурчиновски, претседателот на ОО на СДСМ-Охрид, Томислав Тунтев, како и кандидатот и носител на пратеничката листа од редовите на СДСМ во 5-та изборна единица Васко Ковачески.

На средбата беше претставена и новата програма на партијата „Промени за нов почеток.

„Природното, историското и културното наследство на овој град бисер, не само македонски и балкански, туку и светски не смее да дојди во прашање заради ниту една политичка гарнитура, заради никакви лични и партиски интереси. Охрид е нашиот национален бисер и нема да дозволиме да стане мало кнежевство на Груевски и фамилијата. Охрид има предуслови за вистински туризам, со нови инвестиции, со нови решенија кои ние ги нудиме во нашата нова програма. Доста е од лажни ветувања и еден куп Субратовци кои ништо не остварија.“– изјави Васко Ковачески, носител на пратеничката листа од ИЕ 5.

Ковачески ги повика граѓаните во недела масовно да го дадат својот глас за Стево Пендаровски, за како што рече,  на 27-ми конечно да дојдат промените.

This slideshow requires JavaScript.

WebOhrid