Атанас Николовски победник на ИКАС 2014

Нашиот кајакар имаше одличен кам-бек по година дена пауза и доминираше во К1 дисциплината со време 94.36 секунди. Тој го оправда епитетот македонска надеж како победник на 46. издание на Илинденскиот кајак слалом одржан викендов на Матка. Најдобриот македонски кајакар воедно имаше и одличен кам-бек по речиси една година пауза.

Николовски во дисциплината К1 патеката ја мина со време од 94.36 секунди, додека Хрватот Марко Мркочи заостана две секунди, додека третото место му припадна на уште еден хрватски претставник Динко Мулиќ.

Огнен Бражански, Борче Мирчевски и Игор Стефановски се „тројката“ македонски претставници кои обезбедија пласман во финале, но завршија од 7. до 9. позиција во К1.

Во женска конкуренција во оваа дисциплина победи Алја Козорог од Словенија, Србинките Кристина Петровиќ и Оља Лазаревиќ.

Во Ц1 победи Словенецот Зига Талјат, пред Хрватите Иван Толиќ и Лука Обадиќ, додека Словенците Лука и Петар Знидаршиќ триумфираа во Ц2.