Од утре посвежо, со грмотевици и дожд

Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне со слаб јужен ветар. Максималната температура ќе се движи од 16 до 23 Целзијусови степени.

Од утре попладне до петок ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи.

Утре во јужните делови ќе има пороен дожд и грмежи. Врнежите на места ќе бидат пообилни (над 25л/м2), особено во среда, кога ќе има позначителен пад на температурата, па на планините и на повисоките места ќе има врнежи од снег.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец.

Постепено стабилизирање на времето со пораст на дневната температура се очекува за време на викендот.

Извор: Нет Прес