Годишниот просек на издатоците на работодавецот по вработен во Македонија, во 2012 година, изнесува 397 279 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, годишниот просек на издатоците на работодавецот по вработен во Република Македонија, во 2012 година, изнесува 397 279 денари. 

Месечниот просек на издатоците на работодавецот по вработен во Република Македонија, во 2012 година, изнесува 33 107 денари. Најголем месечен просек на издатоците на работодавецот по вработен во Република Македонија има во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и изнесува 67 748 денари. 

Во 2012 година, годишниот просек на издатоците на работодавецот по фактички одработен час во Република Македонија изнесува 199 денари. Вкупниот годишен просек на фактички одработени часови по вработен во Република Македонија изнесува 1 995 часови.