Работнички осамен на врвот

Денес се одиграа натпреварите од 30-то коло од Првата македонска фудбалска лига, при што беа постигнати следните резултати:

Вардар  1:0  Еуромилк

Металург  1:2  Турново

Пелистер  1:2  Работнички

Гостивар  0:3  Шкендија

Напредок  1:3  Македонија ЃП

Ренова  1:0  Брегалница

По оваа победа, Работнички се наоѓа на првото место со 56 бодови, пред Турново со 54, Металург 53, Вардар 52 и Пелистер 51 бод.

Иако ова коло најпрво беше закажано за утре (27-ми април), поради претседателските избори и предвремените парламетарни избори натпреварите се одиграа денес.

WebOhrid