Милошоски: Јалови се обидите на СДСМ да исценира изборни нерегуларности

Вискоко ниво на граѓанска демократска смелост и мирен изборен ден без ниту еден ниту еден посериозен проблем кој би влијаел врз конечните изборни резултати, констатираа од ВМРО-ДПМНЕ на нивната прва прес конференција, по заршувањето на гласањето во 19 часот.

Антонио Милошоски, посочи дека денешните претседателски и парламентарни избори во земјава се убедливо најдемократски до сега, што покажува дека Македонија е европска земја , каде што демократијата се спроведува на дело.

Сепак, тој ја обвини опозициската СДСМ за нејзините обиди да исценираат пред јавноста  бројни нерегуларности при изборниот процес, со што би ја оспориле легитимноста на конечните резултати.

„Има јалови обиди од стана на опозицијата за нееефикасно спроведуање на изборите, за да го прикријат сопствениот неуспех, но граѓаните не дозволија да бидат вовечени во манипулативно сценаријо  и дадоа јасна порака за тоа. Одредени стрктури се обидоа да исценираат нелегитимност на изборните резултати, кршење на молкот, но без ниту еден факт или аргумент, само шпекулации и амнипулации. Кај граѓние не поминаат овие манипулации“, истакна Милошоски.

Тој воедно, укажа и на тоа дека опозицијата во услови на немоќ ќе отвори ново сценарио според кое што ќе се обидат да креираат слика за изборни нерегуларности, иако изборната волја и правото на избор, според ВМРО-ДПМНЕ  се сосема загарантирани и овозможени.

„Во изборен молк се обидоа да монтираат слики  и обвинуања без за посочат точни места факти и дејствија. Прават обиди да истакнат наводни нелигитимни дејствија, поткупи и креирање на разни списои од администрација, една тотално измислени приказна за навно апсење на некои градочачалници, делење летоци, документи. Но, граѓаните не останаа вовлечени во маниулацијата. Во вторуот круг од претседателските избори резулататот ќе биде уште појасен и победата на Иванов ќе биде уште поголема“, рече Милошоски и додаде дека изборот мора да се почитува, каков и да е неговиот исход.

Извор: Нет Прес