Заменик директорот за странски инвестиции Никола Шеќеровски во посета на Охрид

Агенцијата за странски инвестиции претставувана од страна на заменик директорот Никола Шеќеровски во соработка со секторот за ТЛЕР направи посета на компаниите во Охрид кои поседуваат потенцијал, а воедно и се извезувачи на домашните производи од различни видови на индустрија на странскиот пазар.

Главна цел на посетата беше, проширување на нивниот пласман како и привлекување на нови инвестиции за подобрување на квалитетот на производството, намалување на невработеноста и подобрување на економската клима во општина Охрид.

Sekerovski_4851