Поддржувачите на Црвенковски бараат Заев да поднесе оставка

Со отворено писмо до лидерот на СДСМ, одборот за поддршка на Бранко Црвенковски го повика Зоран Заев на претстојниот конгрес на 11 мај, посветен на изгласување на негова доверба, да си поднесе неотповиклива оставка.

„Поднесувањето на оставката ќе значи најпаметното и најдоброто нешто што сте го направиле за партијата, откако сте дојдени на чело на СДСМ. Веруваме во Вашата доблест дека ќе го направите чинот на поднесување на неотповиклива оставка заедно со целокупното раководство за доброто на СДСМ и за доброто на сите лојални членови“, пишува во посмото кое е потпишано од претседателот на иницијативниот одбор Наум Буревски.

Поради тоа што СДСМ ги загуби претседателските и парламентарните избори, пишува во писмото, одборот бара одговор од Заев за изборниот пораз и го потсетува дека тој ја имал нивната поддршката и во текот на кампањата.

„Како Одбор за поддршка на нашиот поранешен лидер Бранко Црвенковски кој на конгресот за вашиот избор го преименувавме за Одбор на отпорот зад кој застанаа преку 32.000 членови на СДСМ, Ве информираме дека одборот повторно ќе се активира и тоа од сите краеви на Република Македонија“, се наведува во писмото.

Извор: Нет Прес