На 11 мај Луганската област ќе спроведе референдум

Народниот гувернер на Луганската област, Валериј Болотов нареди спроведување на референдум на 11 мај за иднината на украинската област.

Учесниците на референдумот ќе треба да одговорат на прашањето „Дали го поддржувањет актот за државна самостојност на Луганската народна република?“.

Болотов најавува транспарентен референдум, на кој секој ќе може да изрази слободна волја.

„Подготвени се групи за броење на гласовите и определени се места на кои ќе се гласа. Сега се подготвуваат и гласачките ливчиња, а веќе има составено список на гласачи“, истакна Болотов.

Извор: Нет Прес