Работнички победник во финалето од Купот на Македонија

Работнички го освои Купот на Македонија во фудбал. На Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, Работнички го совлада Металург со 2:0 и по трет пат го освои овој трофеј.

Натпреварот започна без некои позначајни возбудувања се до 31-та минута кога беше исклучен Пеев поради намерно удирање на противнички играч. Од тој момент, Металург со играч помалку не успеа да оди на полувреме со позитивен резултат. Во 45 минута поради игра со рака беше досуден пенал за Работнички кој успешно го реализира Маневски и на полувреме му донесе водство на Работнички од 1:0.

Во второто полувреме Работнички успеа да ја сочува предноста од еден гол, а во последната минута преку контра-напад со голот на Петров, Работнички зголеми на 2:0 со што ја обезбеди титулата.

RabotnickiKup01 RabotnickiKup02

WebOhrid