Екипата на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Охрид е севкупен победник на турнирот во мал фудбал

Екипата на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Охрид е севкупен победник на турнирот во мал фудбал организиран од СВР Охрид по повод 7 мај денот на македонската полиција. 

Тие, во вчерашниот финален натпревар со фудбалската екипа од полициската станица од општа надлежност Охрид, на пенали издвојуваа победа со резултат 3:2. 

Победничката екипа доби пехар за освоено прво место на турнирот во мал фудбал како и признанија за учество и постигната победа.

Оваа спортска манифестација беше дел од повеќето планирани активности со кои СВР Охрид  го одбележа 7 мај денот на полицијата.

Фудбалскиот турнир се одигра во спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ каде по систем се одигруваа по два натпревари дневно. 

На фудбалскиот турнир учествуваа вкупно шест фудбалски екипи од разни служби во СВР Охрид.

PolicijaFudbal2