Унијата на жени на ОК ВМРО-ДПМНЕ организира хуманитарна акција за помош на настраданите во поплавите во Србија и БиХ

Унијата на жени на ОК  на ВМРО-ДПМНЕ Охрид организра хуманитарна акција за помош на настраданите во поплавите во Србија и Босна и Херцеговина. 

Оттаму ги повикуваат сите хумани луѓе да донираат облека, ќебиња, средства за хигиена и конзервирана храна.

Истите можат да достават во ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид во деновите недела(18 мај), 19 (понеделник) и 20 мај(вторник) од 18 до 20 часот.

„Унијата на жени на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид ќе ја покаже својата хуманост, да им помогнеме на нашите пријатели!“- велат тие.