Црвен крст Охрид апелира, на собирните пунктови да не се доставува облека

Црвен крст Охрид изразува голема благодарност до сите хумани луѓе кои учествуваа во хуманитарната акција за помош на населението во Србија и Босна и Херцеговина погодено од поплавите и АПЕЛИРА во натамошниот тек од акцијата, на собирните пунктови на Црвен крст Охрид, ДА НЕ СЕ ДОСТАВУВА ОБЛЕКА (ниту нова, ниту користена), бидејќи истата не се прима во собирните центри во Србија и БиХ, од причини што ја има во доволни количини.

Од Црвениот крст Охрид, уште еднаш потсетуваат за производите кои во овој момент се најнеопходни за населението погодено од поплавите во Србија и БиХ и кои можат од страна на граѓаните да се достават во тие региони:

– средства за хигиена

– храна (конзервирана, трајна)

– храна за бебиња

– вода (флаширана)