„Св.Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители – неработен ден за сите граѓани на Р.Македонија

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2014 година (сабота), „Св. Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.   

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита празникот.