Кривична пријава поради пронајдена дрога кај лице од Велешта

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“ полициската станица од Струга против лицето Н.К. (39) од струшкото село Велешта како и против албанскиот државјанин Г.Х.(18) поднесе кривична пријава.   

На 21-ви овој месец, при извршен преглед, кај пријавениот Г.Х. жител на албанскиот град Либражд, пронајдени се две паковки со опојна дрога марихуана. Дрогата е пронајдена во џеб од неговата јакна завиткана во најлонска фолија, а била наменета за понатамошна продажба.

Албанскиот државјанин, марихуаната ја добил од Н.К. околу 21 часот при нивна средба во струшкото село Велешта. Потоа двајцата, со патничко возило џип марка „Хјундаи“ сопственост на Н.К. се упатиле на простор помеѓу зградите на улицата „Партизанска“ во Струга каде се забележани од страна на полициските службеници. 

Пријавениот Н.К. е лице познат на службата против кого по повеќе основи и досега биле поднесувани кривични пријави.