Самит на најмоќните земји за прв пат во Брисел

Вo Брисел оваа недела ќе се состанат лидерите на седумте најрaзавиени земји од светот за да разговараат за ситуацијата во Украина и другите кризни жаришта во светот.

Шефовите на држави и влади на САД, Германија, Јапонија, Франција, Велика Британија, Канaда и Италија ќе се состанат во седиштето на ЕУ за прв пат во триесетгодишната историја на Г7.

Домаќин на советот, кој ќе се одржи на 4 и 5-ти јуни ќе бидат претседателите на Европскиот совет Херман ван Ромпуј и Европската Комсија Хозе Маунел Баросо.

Овој самит според првобитниот план требало да се одржи во Сочи, со Русија како осма членка, но лидерите на останатите седум членки во март одлучија да ја исклучат Русија заради анексијата на Крим.

Заради доаѓањето на американскиот претседател Барак Обама, се очекува дека во текот на самитот во Брисел ќе бидат воведени строги мерки на безбедност, а поединечни делови од градот ќе бидат затворени за сообраќај .

Извор: Нет Прес