Изјава на екологистот Лазо Наумоски од Охрид по повод Светскиот ден на животната средина

По повод 5 јуни, Светскиот ден на животната средина, со своја изјава излезе охридскиот екологист, Лазо Наумоски. Во изјавата се вели: 

„Потекнувам и живеам во едно сливно подрачје каде градот Охрид и Охридското Езеро од далечната 1980 год. се под заштита на УНЕСКО.

 Почитувани граѓани на Р. Македонија, почитувани новинари и медиуми, претставници на највисокиот законодавен дом од РМ, претставници на централната и локалните власти од Р. Македонија Планетата Земја е нашиот секојдневен дом независно дали ние: 

Се раѓаме, растеме, образоваме, работиме, се рекреираме или одмараме.

Животниот простор на човекот на земјата планета се повеќе се стеснува, се загрозува и загадува ги губи основните својства за квалитетен простор за живеење и опстојување во една одредена животна средина.

-Колку повеќе човекот сакал да ја промени животната средина, толку повеќе ја обременува земијната топка со разновидни деградациони промени кои бараат брзо решавање односно санирање на негативните процеси во неа.

– Загадувањето на животната средина и загрозувањето на планетата Земја треба да се сфати како перманентен процес предизвикан претежно од антропогениот фактор кој со својата алчност настојува природните богатства до максимум да ги искористи за свои интереси.

Човекот ги забележува убавите страни на природата од планетата Земја, сакајќи истите до максимум да ги искористи за свои лични интереси ја изменува природата во интерес на своите желби и потреби.

Човекот со своето егоистичко дејствување врз земјата планета стана и нејзин најголем непријател.

Неговата недисциплинираност и неодговорност кон природата асоцира на поговорката:

„ВАЖНО Е ЈАС ДА МУ Е ПРОЖИВЕАМ, А ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ НЕ РАЗМИСЛУВАМ“

Човекот со индустристрискиот развој го зголемил делувањето врз животната средина до несогледливи размери:

загадени се слатководните и солените екосистеми (езера, реки, мориња и океани), уништене е нивната флора и фауна.

Загаден е воздухот со отровни гасови, чад и прашина што ги абсорбираат сончевите зраци кои се запираат и не стигнуваат на земјата.

паѓаат кисели дождови што загадуваат и уништуваат шумските зелени појаси.

Озонската обвивка ќе се намали, климатските процеси ќе се убрзаат со несопирачко дејство.

Природата од планетата Земја не знае за шега:

Таа секогаше вистинска

Секогаш сериозна

Секогаш строга

Секогаш има право

Секогаш за неодговорноста знае да казнува

Грешките и заблудите со природата секогаш му припаѓаат на човекот.

ЧОВЕКОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ САМО АКО СВОИТЕ АКТИВНОСТИ ГИ ДОВЕДЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ЗАКОНИТЕ НА ПРИРОДАТА.“– вели во својата изјава независниот екологист од Охрид, Лазо Наумоски.