23 кандидати на ниво на СВР Охрид ќе полагаат за полициски службеници

Дваесет и три кандидати на ниво на СВР Охрид денес ќе го отпочнат процесот на полагање за полициски службеници. Практично, кандидатите за полициски службеници денес ќе го отпочнат првиот испитен модул поврзан со мерки за заштита на јавниот ред и мир. Испитниот процес е поврзан со познавање на теренот и безбедносните состојби, преземање превентивни мерки, забележување и препознавање на нарушувања на јавниот ред и мир, проценка на безбедносната состојба и правилна интервенција, соработка со колеги, со граѓани и надлежни служби, дејствување за помош на граѓаните и по други параметри. 

Полагањето ќе се реализира на плоштадот „Крушевска република“, на кружниот тек на кеј „Маршал Тито“ и на градскиот пазар во Охрид. Полагањето на првиот испитен модул на кандидатите за полициски службеници, ќе го оценуваат шест оценувачи од различни сектори за внатрешни работи при Министерството за внатрешни работи.