Авионско прскање против комарци – пчеларите да ги заштитат пчелите

Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје –Охрид  ги известуваат граѓаните дека Министерството за транспорт и врски  во соработка со Министерството за здравство, во  понеделник на 16 јуни, ќе  врши авионско запрашување против комарци.

Запрашувањето, почнувајќи од 05 часот  ќе се одвива на на 1.500 ha и тоа на  крајбрежието на потег од с. Подмоље до манастирот Св. Наум и територијата на град Охрид.

Поради запрашувањето против комарци, се известуваат пчеларите  на 16  јуни (понеделник),  да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.

Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.

Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период.