Го пресретнал, го истeпaл и му земал плик со 5.000 денари

СВР-Скопје до ОЈО-Скопје со кривична пријава го предаде лицето Б.К.(34), поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – „разбојништво“, предвидено и казниво по член 237 од КЗ на РМ, при што се стекнал со  противправна имотна корист од 5.000 денари. Од страна на судија во претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Со намера да се стекне со противправна имотна корист пријавениот на 11.овој месец околу 00,30 часот на ул,„18“ во с.Инџиково извршил кривично дело разбојништво над лицето С.Ј., при што му одзел плик во кое имало 5.000 денари.

Имено, разбојништвото го извршил на тој начин што откако на горенаведеното место го пресретнал оштетениот кој го приметил Б.К. дека го следи и откако го прашал каде оди, во истиот момент пријавениот го нападнал со боксови и клоци во пределот на главата и телото по што оштетениот паднал на земја, а Б.К. од џебот на долната тренерка му извадил и одземал плик со пари, а потоа со такси возило го напуштил местото на настанот.

Од извршеното кривично дело оштетениот се здобил со телесни повреди за што побарал лекарска помош во ГОБ “Св.Наум Охридски“ како и на Максилофацијалната клиника при Клиничкиот центар.

Во присуство на Јавен обвинител извршено е препознавање на лица при што оштетениот го препознал Б.К. како извршител на кривичното дело, а со пријавениот извршен е разговор во кој тој го појаснил  начинот на извршување на кривичното дело.

Инаку, Б.К. е познат сторител на кривични дела и против истиот се поднесени вкупно 11 кривични пријави за извршени 15 кривични дела и тоа: едно кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, седум кривични дела – тешки кражби, четири – разбојништва и три кривични дела – кражби, и за дел од нив изречени му се една парична казна, една условна осуда и две казни затвор.