Светски ден на крводарителството

Фокусот на овогодишната кампања за Светскиот ден на крводарителството е „безбедна крв за спас на мајките“. Секој ден, околу 800 жени умираат од бременоста или компликации при породувањето. Тешките крварења за време на породувањето и после породувањето е главна причина за морталитет и долгорочни попречености. Целта на кампањата е да се зголеми свеста за тоа зошто навремениот пристап до безбедна крв и крвни продукти е од суштинско значење за сите земји, како дел од еден сеопфатен пристап за да се спречат смртните случаи кај мајките.