Поправени статичните велосипеди во Холандскиот парк

ЈП „Охридски Комуналец“, денеска изврши санација на статичните велосипеди кои се лоцирани во Холандскиот парк, каде украдените и искршените педали се заменети со нови.

Овој дел од паркот заедно со уреденето катче за рекреација ги привлекува погледите не само на нашите сограѓани, туку и на многубројните туристи од Холандија и другите земји.

20140616_121311_cr

„Тие симболично ја поттикнуваат желбата за спорт, рекреација и здрав живот во здрава животна средина. Но, за жал, поединци, во недостиг на култура и почит кон јавните добра, го уништуваат она што претставува општ интерес за сите нас.“- велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Оттаму упатуваат апел до младата популација со чувство на одговорност и сериозност да пристапат при ракување со спортските реквизити кои се поставени да ни служат долги години.