Откриени пет странски и шест македонски “танчерки“, како и малолетничка пријавена за исчезната

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, ноќеска (22.06.) спроведоа акциска контрола во угостителските објекти „Ловец“ и „Ориентал АС“ во тетовското село Жеровјане.

Во угостителскиот објект „Ориентал АС“, сопственост на 25-годишниот Х.А од Боговиње, затекнати биле пет странски државјанки, од кои три од Република Бугарија и две од Република Србија, на возраст од 21 до 26 години, а кои биле ангажирани како танчерки. Петте странски државјанки се приведени и задржани во Полициската станица Тетово, а потоа предадени се на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка, во рамките на која ќе се утврдуваат сите поединости околу нивниот престој и работа на подрачјето.

Во угостителскиот објект „Ловец“, сопственост на Ш.А ( 42 ) од Мала Речица затекнати се шест државјанки на Република Македонија, меѓу кои и една малотеничка од Скопје, која била пријавена како исчезнато лице, а која денеска предпладне им е предадена на нејзините родители. Оваа акциска контрола е планирана активност на СВР Тетово за откривање на странски државјани кои непријавено престојуваат и работат на подрачјето и за евентуална нивна инволвираност во трговија со луѓе или во други криминални дела.