Во сообраќајни контроли во повеќе градови во земјава санкционирани 732 учесници во сообраќајот

Изминатиот викенд (21-22.06.), СВР Скопје, СВР Велес, СВР Охрид и СВР Штип, во рамки на акциската контрола наменета за санкционирање на прекршителите на безбедноста во сообраќајот, на подрачјето на повеќе градови во државата (Скопје, Велес, Неготино, Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Штип и др.) санкционираа вкупно 732 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.

Од преземените мерки и активности на сообраќајната полиција во Град Скопје, кај 44 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 32 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 26 возачи, а кај 16 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло. Исто така, 30 возачи управувале возила со над дозволената брзина, 21 возачи управувале возило со над 90 км на час во населено место, а изречени се и пет прекршока за некористење на сигурносен појас, 21 прекршок за зборување на мобилен телефон, потоа 10 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, и уште 93 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање. Покрај ова изречени се и прекршоци за недавање на првенство на минување на пешаци за четворица возачи, за непрописно престројување изречен е еден прекршок, за прекршоци што ги чинат пешаците изречени се вкупно 16 прекршоци доодека пак со пајак службата подигнати се вкупно 92 возила.

ПС за БПС Велес на територијата на градовите Велес и Неготино, констатирале дека четири лица возеле под дејство на алкохол, две лица се движеле со поголема брзина од дозволената, а уште три други лица се санкционирани за прекршоци во сообраќајот.

Од преземените мерки и активности на ПС за БПС Охрид, ПС за БПС Струга, ПС за БПС Кичево и ПС за БПС Дебар, кај 34 лица утврдено е дека ја пречекориле брзината на движење во населено место, 12 учесници се писмено предупредени, 11 учесници во сообраќајот се усно предупредени,  а со контролите беа опфатени 74 возила и 3 мопеди и моторцикли. Исто така извршени се две алкотестирања, еден  преглед на превозни средства и багаж,одземени се две возачки дозволи поради управување под дејство на алкохол, а издадени се два платни налози, две покани за сообраќајна поука. Покрај ова три ПМВ  се исклучени поради необновена регистрација, а двајца возаче се исклучени од сообраќај бидејчи возеле без возачка дозвола, шест  ПМВ се подигнати со возило „пајак“, и издадени се 22 платни налози и 35  покани за глоба на возачи.

На територијата на СВР Штип контролирани се вкупно 1.161 возила и возачи, при што  изречени се 105 прекршочни казни за пречекорување на брзината и 29 прекршочни казни за возење под дејство на алкохол.

Секторите за внатрешни работи и понатаму ќе продолжат со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди.