Економски сметки во земјоделството, по постојани цени

Пресметките на економските сметки во земјоделството, по постојани цени, се направени врз база на препораките дадени во Прирачникот за економски сметки во земјоделството и шумарството, ревизија 1.1. и според Европската регулатива за економски сметки во земјоделството 138/2004.

Целта на овие пресметки е да може да се направат подобри економски анализи, како и потребата да се разграничат трендовите што се однесуваат на промената на волуменот и оние што се однесуваат на промената на цените. Според ESA 95 (European System of Accounts), ценовната компонента треба да ги содржи промените што се однесуваат само на цените, а сите останати промени треба да бидат вклучени во волуменската компонента. Со тоа, сите останати компоненти (физички карактеристики, начинот на продажба итн.) се земаат како волуменски, а не како ценовни промени.

Волуменските и ценовните индикатори што се користени при пресметката на економските сметки во земјоделството, по постојани цени, ги вклучуваат и промените во квалитетот. Ако самите производи се хомогени, волуменските промени може да се проценат врз база на промените на количествата. 

Податоците се однесуваат на периодот од 2007 до 2012 година и се врз база на претходната година.