Во Ирак пристигнаа првите пет руски борбени авиони

Русија на силите во Ирак им ги испорача првите пет борбени авиони кои Ирак ги купи како поддршка во борбата против бунтовниците во таа земја.

Ирачките сили синоќа ја примија првата испорака руски борбени авиони.

Ирачкиот премиер, Нури ел Малики, изјави дека во четврток Багдад од Москва ќе купи уште најмалку 12 авиони, а договорот за набавка меѓу двете држави се проценува на повеќе од 500 милиони долари.

Извор: Нет Прес