Ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот „Св.Наум Охридски“

По повод манастирската слава на манастирот „Свети Наум Охридски“, Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека вечерта на 2 јули 2014 година (среда), во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи празнична вечерна богослужба, по повод празникот „Свети Наум Охридски Чудотворец“, со почеток во 19:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

На 3 јули 2012 година (четврток), во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свети Наум Охридски Чудотворец“, со почеток во 9 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.