ЈП „Охридски Комуналец“ со многубројни активности ја одржува јавната чистота

ЈП „Охридски Комуналец“ со голем број активности ја започна првата седмица од месец јули. Екипите на „Паркови и зеленило“ го расчистуваа појасот околу коловозната лента од ул.„Ристо Чадо“ , на потегот од кружната сообраќајница кај ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ до игралиштето кај „Стобекс“. Заради непречено движење на пешаците и возилата отстранети се гранки, жбунови и друга вегетација.

Расчистен е просторот околу „Саат-кулата“, каде во иднина се планира да никне ново зелено катче.
IMAG03831

Екипите на „Јавна хигиена“ по налог на општинскиот инспекторат го расчистуваат крајбрежниот појас пред хотелот „Палас“ од окрекот кој во овој период е во фаза на скапување. Активностите во најголем дел се изведуваат машински и се започнува рано наутро од 03,00 часот за да не се попречува движењето на туристите.

 Fotor0702132458