Кривични пријави за лица од Лакочереј поради тешка кражба и тешка телесна повреда

СВР Охрид поднесе кривични пријави против Г.С.(35) и И.С.(42), двајцата од с.Лакочереј, охридско, за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „тешка телесна повреда“. На 17.06.2014 година, околу 22,40 часот, на ул. „Дејан Војвода“ во Охрид првопријавениот со влечење и ја истргнало ташната на И.Н.Ш.(57) од Словенија во која имало мобилен телефон, пари и лични документи, додека второпријавениот го задржал Р.В.Л. кој се движел заедно со И.Н.Ш. При влечењето И.Н.Ш. од падот на земја се здобила со тешки телесни повреди во пределот на десната надлактица и е укажана лекарска помош во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.