Осумдесет отсто од пензионерите во Грција примаат пензија до илјада евра

Податоците покажуваат дека пензиите на 76,5 отсто од Грците се под илјада евра.

Просечната основната пензија во Грција изнесува 704 евра и ја примаат 2.893.370 Грци, а дополнителната пензија изнесува во просек 176 евра и право да ја добиваат имаат 1.576.501 лице.

Пензиите во Грција се намалиле до 40 проценти поради кризата и заемите кои ги зема земјата, при што осум од десет Грци добиваат пензии под илјада евра, а пензиите на четворица од десет се до 500 евра, покажуваат резултатите од истражувањето на Федерацијата на вработените во пензиските фондови, кое беше претставено пред Парламентот.

Само 174 пензионери добиваат над четири илјади евра. Осум од нив примаат девет пензии, а тројца десет пензии.

Извор: Нет Прес