Заврши фестивалот „Канеофест“ 2014

Синоќа на летната сцена Долни Сарај се одржа втората(поп) вечер од фестивалот „Канеофест“, 2014, со што фестивалот беше затворен.

На фестивалот  се натпреваруваа  изведувачи на новокомпонирани, дотогаш неизведени поп мелодии, каде публиката во ревијалниот дел од фестивалот уживаше во настапите на неколку познати имиња од македонската естрада.

Инаку, фестивалот „Канеофест“, годинава се одржа во 13-ти пат.

Ангелче Андриоски