При контрола во водите на Охридското Езеро затекнати рибокрадци од Пештани

На 10.07.2014 година околу 05,00 часот, од страна на униформиран полициски службеник од полициската станица за граничен надзор-Охридско Езеро, при вршење патролна служба во водите на Охридското Езеро, во близина на населба Лагадин, во чамец како ловат риба биле затекнати се З.В.(52) и С.Р.(32) двајцата од Пештани, охридско. Со потврда за привремено одземени предмети, уловот бил одземен, а лицата се приведени во Полициската станица. Се работи на целосно документирање на случајот.