Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0.6% на месечно ниво, а се пониски за 0.3% на годишно ниво.

Во мај 2014, во споредба со април 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2.4%, во секторот Преработувачка индустрија за 0.2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3.4%.

Во мај 2014, во споредба со мај 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3.5%, а во секторот Преработувачка индустрија и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0.5%.