Успешно реализирана обуката на Светска Банка во соработка со АППТ

Светска Банка во соработка со Агенцијата за Поддршка и промоција на туризмот на Р.Македонија-АППТ организираше тематска обука за  Tourism destination management organization.

Обуките спроведени од Светска банка за Tourism destination management преставуваат одлична иницијатива за регионалните стратегии, програми кои најдобро можат да им ја раскажат уникатната приказна за туристичките потенцијали на Македонија безразлика која е целта на патување на туристите во нашата земја.

Tourism destination management organization нуди можности и може да помогне во обединувањето на сите заинтересирани и инволвирани страни од областа на туризмот, да ги споделат и разменат своите искуста допринесувајки кон зголемување на туристичката вредност на одреден регион.

Преку спроведените обуки се овозможува стекнување на уникатна способност за идентификување и редефинирање на туристичката,економската визија на туристичкиот регион преку взаемна соработка на приватниот и државниот сектор и сите инволвирани поединци во областа на туризмот.

Обуката од страна на Светска банка се реализира во скопскиот и вардарскиот регион со голем број учесници од општините,бизнис секторот и туристички работници. Развојот на туристичките потенцијали на наголем број земји е резултат на сериозниот пристап кон менаџирањето на туристичката дестинација.

DSC_0788