Ќе се обелоденат резултатите од истрагата за трговија со органи во Косово

Американскиот обвинител Џон Клинт Вилијамсон во понеделник ќе допатува во Косово, непосредно пред објавување на резултатите од тврдењата во извештајот од истргата на Дик Марти.

Според приштинскиот весник „Експрес“ пристигнувањето на обвинителот го потврдиле во Приштина и неговата средба со премиерот во заминување Хашим Тачи додека во неговата канцеларија во Брисел не го потврдиле тоа но негирале дека на премиерот Тачи, тој ќе му обелоденел што е откриено во истрагата.

„Не можам да ги потврдам плановите за идните патувања на амбасадорот Вилијамсон, но без никакво сомневање можам да го негирам секое тврдења дека нашите наоди ќе ги претставиме на начин на кој вие сугерирате“, изјавил портпаролот на Оперативната група, Жоао Соса, запрашан за тоа дали тие ќе ги запознаат косовските власти со своите наоди.

Истрагата во случајот со трговијата на органи, за која се претпоставува дека била направена од Ослободителната војска на Косово (ОВК) на најмалку две локации во Албанија – во селото Гур (северо источна Албанија во околијата Мат) и Фуш Круја, започнала во 2011 година.

Во април годинава Косово конечно ја усвои резолуцијата за основањето на Специјалниот суд, а резолуцијата и претходеа многу дискусии меѓу косовската претседателка Атифете Јахјага и шефицата на ЕУ за надворешни работи, Кетрин Ештон.

Вилијамсон, кој од почетокот раководи со Специјалната единица за истрагата на случаевите споменати во извештајот на Дик Марти за организиран криминал и трговија со органи, би требало во август да го заврши мандатот, откако претходно ќе ги соопшти резултати од истрагата која траеше три години.

Само ден пред најавата за посетата на Вилијамсон на Приштина, дел од косовските медиуми најавија „голем земјотрес во Приштина“. Косово, како што наведуваа, набрзо ќе го потресе веста за апсење на најмалку осум високи функционери поврзани со шверц на органи за време на косвската војна.

Извор: Нет Прес