Дејан Недев по втор пат одржа карате семинар во Лондон-Англија

Македонскиот каратист Дејан Недев, Сенсеи 5.Дан по втор пат одржа карате семинар во Академијата за традиционално карате „Muswell Hill“, London. На семинарот учествуваа близу 60 каратисти од неколку карате клубови од Лондон. Семинарот траеше три дена, а последниот ден беше организирана свеченост на која присуствуваше и проф. Венцислав Недев на кој му беше дадено признание за придонес и развој на карате Академијата во Лондон.

Исто така признание и плакета доби и м-р. Дејан Недев како инструктор на семинарот. Недеви беа наградени од страна на основачот и Претседател на Карате Академијата, Сенсеи И.Бериша 6. Дан. Во иднина беше договорена и соработка за размена на каратисти односно Македонските каратисти ќе можат да тренираат карате во Академијата во Лондон и обратно каратистите од Англија да можат да тренираат карате во Будо Академијата „Недеви“ и Карате Клубот „Работнички“ во Скопје. Соработката и размената на каратисти ќе започне од Септември оваа година.