Електрична енергија, природен гас, јаглен и нафтени продукти, мај 2014

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2014 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 639 152 МWh електрична енергија, 3.400 мил. nm3 природен гас, 643 654 тони јаглен и 72 709 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 72,0% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,4% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.

Во април 2014 година, во Република Македонија за првпат е регистрирано производство на електрична енергија од ветерни електрични централи, кое во мај 2014 учествува со 1,4% во вкупното бруто-домашно производство на електрична енергија.