Четири жртви при пожар во автобус во Истанбул

Четири лица го загубија животот откако се запали автобус во центарот на Истанбул.

Според возачот на автобусот, најпрво пожарот избувнал во задниот дел од автобусот и почнал да се шири кон средниот дел, а во тој момент автобусот удрил во заштитната ограда покрај патот.

Во тек е истрагата за утврдување на причината за несреќата.