Генералниот секретар на светската туристичка организација Талеб Рифаи во работна посета на Охрид

Генералниот секретар на Светската туристичка организација Талеб Рифаи во рамки на неколкудневниот работен престој во Република Македонија, денеска е во посета на Охрид. По тој повод во зградата на Општина Охрид, почесниот гостин оствари работна средба со заменик градоначалникот Ангел Јанев и со Ѓоко Апостолоски од Секторот за туризам и локален економски развој .

 На средбата беа донесени три заклучоци кои се многу битни за развој на туризмот за чие реализирање Генералниот секретар на Светската туристичка организација Талеб Рифаи вети и дека лично ќе се заложи.

„Изнаоѓање на експерти за одржување нa work shoops во Охрид и за изработка на Стратегија за развој на туризмот во Охрид , потоа помош во зајакнување на врските со Дубровник при што Светската туристичка Организација ќе помогне и технички и политички ,и одржување на состанок за туризам во првата половина на 2015 година а која ќе биде организирана од Светска туристичка организација се трите битни работи за развој и подобрување на туризмот и туристичката промоција на Охрид“- истакна Рифаи.

На средбата меѓу другото беше дефинирано дека постои можност за испраќање на туристички работници од Охрид и Македонија во седиштето на Светската трговска организација- Мадрид за тренинг а исто така се разговараше и за можноста да се направи проект за тројцата најдобри студенти од факултетот за туризам кои би оделе на едномесечна обука во Мадрид.

rifai_400_1

На работната средба домаќините го запознаа господинот Рифаи со плановите на Владата на Република Македонија и Локалната Самоуправа од Охрид во насока на подобрување на туристичката промоција на градов во светски рамки што би значело и привлекување на поголем број странски туристи.

Гостите беа информирани и за напорите на градоначалникот Никола Бакрачески преку бројни проекти да допринесе за подобрување на туристичката понуда и привлекување странски туристи во Охрид. Во таа насока е започнатиот проектот за ски центарот на “Галичица“. Тука е и предвидениот small luxrу hotels , како и напорите за развој на верски здравствен, рурален , планински туризам .

Рифаи ја реализира посетата на покана на Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, со кој е предвидено да се сретне утре. Предвидено е Рифаи да се сретне и со премиерот Никола Груевски и да му предаде отворено писмо од кампањата на Светската туристичка организација „Глобални лидери во туризмот“, со кое се повикуваат шефовите на држави и влади да ги промовираат вредностите на туризмот при неговото унапредување и развој.