Стрелачите параолимпијци Наковска-Бикова и Каранфилов во посета на Агенцијата за млади и спорт

Директорот на Агенцијата за млади и спортм Марјан Спасески организираше прием за членовите на македонската параолимписка стрелачка репрезентација по повод успесите на Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов кои со одличните настапи на Светското првенство во Германија изборија Олимписка норма за Летните ПараОлимписки Игри РИО 2016 година.

Спасески резултатите на Бикова и Каранфилов ги оцени какао значен успех и најави соодветни награди.

„Предводени од селекторот Бранимир Јовановски, актуелната шампионка од Лондон 2012 год. и светската рекордерка Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов, уште еднаш потврдија дека ќе претставуваат сериозни претенденти за освојување на медал на Параолимпијадата. Нивните медали од Лондон и Атина, како и медлот на Јовановски од Барселона, го ставаат спортското стрелање на пиедестал на најуспешните спортови во нашата држава последните две децении. Со постигнатиот успех Бикова ја продолжува стипендијата од Светската категорија за уште четири години, а еднократната парична награда ќе добие и Јовановски“, изјави директорот на АМС и мус е заблагодари на селекторот за кого рече дека е максимално посветен на репрезентативците.

Годинава, посочи директорот Спасески , Агенцијата за млади и спорт финансиски го подржа овој спорт со 300.000 денари, а како што рече, следната ќе помогне со повеќе средства доколку спортското стрелање аплицира со програма за настап на поголем број турнири.

Селекторот и тренер на параолимписката репрезентација Бранимир Јовановски го нагласи фактот дека македноските стрелачи по традиција од Светските првенства се враќаат барем со еден медал. Тој очекува дека на Бикова и Кранфилов во следниот период да им се придружи уште некој стрелач со исполнета квота за Параолимпијадата.

„Радосни сме за исполнување на двете квоти за Рио уште на стартот на квалификациите, како и за освоениот медал. Сега ни преостанува преку трите светски купа планирани за идната година во Европа, Америка и Австралија, уште некој наш спортист да избори учество на Параолимписките игри 2016 година.“-истакна Јованоски.

Оливера Наковска-Бикова на Светскотот првенство во германскиот град Сул го освои бронзениот медал во дисциплина воздушен пиштол и ја исполни нормата за Параолимписките игри 2016 година, исто така и Ванчо Каранфилов кој во дисциплината пиштол 25 метри испука 565 кругови и постави личен рекорд.