СДСМ: Раководството на ЈП „Градски гробишта” нема ниту позитивно работење, ниту концепт да води едно комунално претпријатие

ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои:

„Раководството на ЈП „Градски гробишта” ја манипулира јавноста се со цел повторно да се прикријат низа неправилности во работењето на ова градско претпријатие.

Во интерес на вистината, поткрепено со податоци од задолжителниот Годишен извештај на ова комунално претпријатие за работењето во 2013 година и првото тромесечие од 2014 година, ви ги презентираме следните официјални информации:

· Вкупно остварени приходи во 2013 година изнесуваат 21 995 042 денари, а расходите во истиот период се 18 617 865 денари. Ако од приходната страна ги одбиеме Приходите од субвенции (кои претпријатието ги добило од Општина Охрид), во износ од 3 614 978 денари, едноставно добиваме дека претпријатието од своето редовно работење остварило загуба (негативен финансиски резултат) од 237.801 денари.
· На приходната ставка-Приходи од изнајмување на ресторан се наведени 181 132 денари за 2013 година, а за првото тромесечие од 2014 година наведено е дека не се остварени приходи по основ изнајмување на ресторан. Сето ова е далеку од наведеното во нивните изјави дека се “инкасирани” 1.786.992 денари.

Овој извештај покажува дека нема ниту позитивно работење на новото раководство на ЈП “Градски гробишта”, ниту концепт да води едно комунално претпријатие во интерес на граѓаните на Охрид.“– се вели во соопштението на ОО на СДСМ Охрид.