Браќата Симовски повторно шампиони на Beach Volleyball Ohrid 2014

Со вчерашните финалиња во машка и женска професионална конкуренција, заврши осмото отворено првенство во одбојка на песок Beach Volleyball Ohrid 2014.Како реприза на првиот турнир во одбојка на песок во Македонија, кој пред осум години се одржа во Охрид, првите места повторно ги освоија победниците од 2006-тата година.

На машкиот турнир најдобри беа браќата Јовица и Дејан Симовски кои во финалето славеа победа над Деан Стојанов иТони Мојсовски.Третото место го освоија ланските победници Валон Никчи и Газменд Хусај од Косово.

Beach Volleyball Ohrid 2014.3

Kај Девојките најдобри беа Софка Камиловска и Сандра Георгиевска кои во финалето славеа победа против Уна Карановиќ и Бранислава Тасевска. Третото место им припадна на младите Ана Павлоска и Мартина Исајлоска.

Победниците од Охрид ќе поделат награден фонд од две илјади евра.