Привршуваат активностите за повеќенаменското игралиште во Лескајца

Во завршна фаза се градежните активности за подигање на повеќенаменското спортско игралиште во населбата Лескајца.

До ставање во функција на објектот останува уште екипите на јавните претпријатија „Проаква“ и „Градски гробишта“ да ја довршат започната мини фонтана и да ги поплочат малите пристапни патеки што водат до неа а ќе се постави и заштитната гумена подлога во кругот на детското катче.

Првобитната замисла за целосно учество на Општинските јавни претпријатија во овој проект е исполнет затоа што 90% од градежните и оперативни активности реализирале тие а еден мал дел приватни економски оператори Во поглед на обележувањето на спортското игралиште и во дооформувањето на заштитната ограда на детското катче.

ЈП „Нискоградба“ извршува задачи околу тампонирањето на просторот, поставување на заштитните огради а ќе биде и задолжено околу одржување на детските реквизити и играчки кои по изградбата ќе бидат поставени во повеќе наменското спортско- рекреативно игралиште. ЈП „Градски гробишта“ е задолжено за поплочување и поставување на бехатон на теренот и на пристапните патеки кои водат до игралиштето како и поставување на ивичници за обележување на уредениот простор. ЈП „Охридски комуналец“ има должност да го исчисти целиот потег околу повеќенаменското игралиште и хорти културно да го уреди паркот кој е замислен да се гради во рамките на проектот. Асфалтирањето на теренот го врши градежната фирма „Илинден“ од Струга.

Проектот „повеќенаменско спортско игралиште“ е согласно изборната програма на градоначалникот Никола Бакрачески според која на овој потег беше планирана изградбата на вакво игралиште и истиот е целосно финансиран од Општина Охрид.

igraliste_leskajca_400 igraliste_leskajca_400_1 igraliste_leskajca_400_2