Во јули намален индексот на цените на угостителските услуги

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јули 2014 година, во споредба со јуни 2014 година, е зголемен за 0.6%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.1%, Алкохолни пијалаци за 1.3%, Безалкохолни пијалаци за 0.2% и Ноќевања за 1.6%.

Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 1.1%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- јули 2014 година, во однос на истиот период од минатата година, е намален за 0.6%, додека во однос на декември 2013 година е зголемен за 0.3%.