ЈП „Нискоградба“ со бројни активности на терен

Екипи на ЈП „Нискоградба“, денеска со бројни активности на терен. На улиците „Никола Петров Русински“ , „Васил Главинов“ и „Питу Гули“, се вршеше санација на раскопаните површини кои беа раскопани поради дефекти на водоводната линија.

Во населба „Лескајца“ се оградуваше, обележуваше и бетонираше новото повеќенаменско игралиште со што го доби својот конечен изглед. Кај ресторанот „Котва“ се работеше на обележување на паркинг просторот.

На улицата „Железничка“ се вршеше приклучување на фекалната канализација, а на улиците „Аџи Мустафа“ , „Коста Абраш“ , „АСНОМ“ и „Абаз Емин“ се изврши машинско чистење на фекалната канализација.

Рачно чистење на атмосферската канализација се спроведе на улиците „Коста Абраш“, „АСНОМ“ и населбата „Рача“.