Јубилејна изложба на Драган Спасески ОХРИДСКИ

По повод 25 години творештво, во галерија РЕЗОНАНСА на 08 Август (петок),  со почеток во 21 часот ќе биде отворена јубилејната изложба на Драган Спасески Охридски.

Пред присутните за делото на ОХРИДСКИ ќе говорат Академик Цветан Грозданов и Проф. Д-р Кристина Николовска. На присутните ќе се обрати и заменик министерот за култура на Република Македонија, Драган Недељковиќ.

Рецитал на дел од поетското творештво на ОХРИДСКИ ќе изведат актерите Љупчо Тодоровски – Упа и Димитрија Доксевски.