Кривична пријава за охриѓанец поради тешка телесна повреда

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Н (65) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 05.07.2014 година лицето С.К (44) од Охрид го паркирал своето патничко возило „мерцедес“ пред куќата на Н.Н. со што го попречил влезот од куќата, поради што настанала расправија, во која Н.Н. со дрвен предмет му нанел тешка телесна повреда.