Нови оштетувања на возила на македонските туристи во Р.Грција

Во текот на вчерашниот ден (10.08.2014 година), на граничните премини „Богородица“ и „Меџитлија“ пријавени се пет кражби на регистарски ознаки од возила на македонски туристи. На Г.П. „Богородица“, пријавено е дека на патничко моторно возило “Renault” со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Е. во турустичкото место “Олимпик Бич” украдени и се двете регистарски ознаки, на истиот граничен премин пријавено е дека на патничко моторно возило „Opel“ со велешки регистарски ознаки, управувано од страна на лицето К.Т., во туристичкото место „Катерини – Паралија“ украдени му се исто така двете регистарски ознаки.

На ГП „Меџитлија“, кражба на регистарски ознаки пријавиле L.R.A. од Битола, кој управувал патничко моторно возило марка „VW Passat“ со скопски регистарски ознаки, а летувал во местото „Паралија“, М.Ј. од Ресен, кој управувал патничко моторно возило марка „Opel Astra“ со охридски регистарски ознаки, а летувал во местото „Олимпик Бич“ и В.Д. од Охрид која управувала патничко моторно возило марка „Opel Astra“со охридски регистарски ознаки, а летувала исто така во местото „Олимпик Бич“. Сите пет случаи се пријавени во грчката полиција.

Исто така на ГП „Меџитлија“ на 27.07.2014 година пријавено е оштетувањето од страна на лицето И.К. која управувала патничко моторно возило марка „VW Scirocco“ со битолски регистарски ознаки. Имено, на двете регистарски таблички им бил оштетен кодот „МК“ (прекриен со црн спреј), а на самото возило имало и оштетувања со црн спреј на предниот дел од ПМВ на хаубата и на задниот дел поточно на вратата од гепекот со натпис ,,SLAV“. Настанот се случил во туристичкото место „Лептокарија“, а за истиот е известена и грчката полиција, но не е добиен записник.

Инаку, како што претходно МВР ја информираше јавноста, годинава во два наврати беа регистирани оштетувања на возила и кражби на регистарски таблици на македонски граѓани, така што досега бројот на оштетни возила и регистарски ознаки достигна до три, а украдени се регистарски таблички вкупно од седум возила на македоски туристи.