Одржана традиционалната „Меѓународна Илинденска веслачка регата“

Вчера во водите на Охридското Езеро се одржа традиционалната „Меѓународна Илинденска веслачка регата“ во организација на Веслачки клуб „Југ“ Охрид.

На регатата учествуваа клубови од земјата и странство и тоа : В.К. „Тракија“ Пловдив, В.К. „ЦСКА“ Софија, В.К. „Черпоков“ Пловдив – Република Бугарија, В.К. „Црн Дрим“ Струга и домакинот В.К. „ЈУГ“ Охрид. Се веслаја единаесет трки во пионерска, кадетска и јуниорска категорија во дисциплните скиф и дубалскул.

Освојувачи на првите места односно златните медаљи беа:

– В.К. „Југ“ Охрид освои шест златни медаљи.

– В.К. „Черпоков“ Пловдив освои две златни медаљи.

– В.К. „ЦСКА“ Софија освои две златни медаљи.

– В.К. „Тракија“ Пловдив освои една златна медаља.

Златните медаљи за Веслачкиот клуб „Југ“ Охрид ги освоија следните веслачи во следните дисциплини:

Анастазија Паскали во дисциплините скиф за кадетки и скиф за јуниорки.

Никола Петрески и Михаил Тасевски во дисциплината дубалскул за јуниори.

Петар Павлоски во дисциплината скиф за кадети.

Петар Павлоски и Ристо Малезан Радиќески во дисциплината дубалскул за кадети.

Климент Трајчески и Никола Аџиоски во дисциплината дубалскул за пионери.