Пад од две места за Македонија на најновата ФИФА рејтинг листа

Репрезентацијата на Македонија забележа пад од 2 места и се најде на 76-то место според најновата ФИФА рејтинг листа.

Без промени остана врвот на ФИФА рејтинг листата, каде се наоѓаат Германија, Аргентина и Холандија.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Лесото, со скок од +26 места се најде на 105-то место, додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Панама од -30 места и се најде на 63-то место.

WebOhrid